Мицкоски најави амбициозен план

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со парите од Велика Британија, Владата на Република Македонија планира да го заврши проектот за Клиничката болница во Штип, како и да отпочне со реализација на неколку клучни инфраструктурни зафати во здравствениот сектор.

Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека средствата ќе бидат насочени кон обновување и изградба на болници, студентски домови и универзитетски капацитети, кои според него биле ветени, но никогаш реализирани од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

– Ќе ја довршиме Клиничката болница во Штип, којашто беше запрена од претходната влада. Ќе изградиме и нова зграда за Медицинскиот факултет и студентски дом, нешто што само се ветуваше, но никогаш не беше изградено – рече Мицкоски.

Дополнително, според најавите, ќе започне и изградбата на нова болница во Кичево, како и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

Мицкоски истакна дека овие проекти ќе бидат приоритет во првата фаза, а доколку успешно се реализираат, ќе се премине кон амбициозната фаза – изградба на нов Клинички центар во Скопје.

– Ако сето ова го исполниме успешно, тогаш следниот чекор ќе биде изградба на нов Клинички центар во Скопје, кој ќе биде замена за сегашниот. Постоечкиот ќе се реконструира во рамки на можностите на Фондот за здравство и Министерството за здравство – рече премиерот.

Тој потсети дека претходно постоеле повеќе идеи за локацијата на новиот Клинички центар – од Злокуќани, до плато во Ѓорче Петров и касарната „Илинден“, но сите биле неуспешни, оставајќи го проектот само на хартија.

– Имаше многу идеи, но крајниот резултат е дека денес, во 2025 година, сѐ уште немаме нов Клинички центар кој одамна требаше да биде готов – посочи Мицкоски.

Новите здравствени инвестиции, како што најавуваат од Владата, ќе имаат за цел не само подобрување на болничката инфраструктура, туку и обезбедување на достоинствени услови за студентите по медицина, здравствените работници и пациентите ширум државата. Првите конкретни активности на терен, според премиерот, се очекуваат веќе оваа есен.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article