Топ Вести - Слушај сега
Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, тој ќе дојде во Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Собранието, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, во врска со билатералните односи меѓу Македонија и Турција.
– Во моментов не можам да кажам точно кога и како ќе се реализира таа посета, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, димпломат од висок ков, со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и ќе ја имаме таа можност, но и чест, претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје – истакна премиерот Мицкоски.
Со потпишувањето на договорот за проширување на билатералната соработка во овој период интензивирани се партнерства на повеќе полиња, додаде премиерот Мицкоски.
– Потпишавме договор за проширување на билатералната соработка со Турција, нешто што претставува наша стратешка цел. Во рамките на тоа партнерство контактите се засилени и повеќето од компаниите што доаѓаат кај нас или потенцијални инвеститори од Турција во Македонија веќе се прифатени од институциите и ги почнуваат своите инвестиции или се во фаза на почеток. Договорот не беше потпишан долго време, а се потпиша со доаѓањето на оваа Влада. Во рамките на договорот се интезивираше соработката на полето на одбраната – рече Мицкоки.
Министерството за одбрана и Армијата соработуваат со соодветните институции на владата на Турција, додаде тој.
– Непосредно вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри и во таа смисла мислам дека со доаѓањето на оваа Влада во голема мера се интезивираше билатералната соработка меѓу двете држави. За мене главен интерес е малку да се коригира нивото на трговската размена, бидејќи Република Турција има голем суфицит во размената, односно многу повеќе извезува во Македонија, отколку што Македонија извезува во Турција – реле премиерот.
Убеден сум, додаде, дека македонските производи може да бидат конкурентни на турскиот пазар.
– Убеден сум дека како наш стратешки партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар. Убеден сум дека дел од постојните бариери ќе бидат многу скоро неутрализирани, односно избришани и македонските производители, посебно во земјоделието, фармацијата и во останатите гранки ќе може да најдат свое место на турскиот пазар. На тој начин овој дисбаланс во размената каде што Турција има голем суфицит ќе биде изнивелиран – нагласи премиерот Мицкоски.
Солидната соработка меѓу двете земји има и во рамки на туризмот, додаде Мицкоски, голем број турски туристи доаѓаат во Македонија, а соработка се остварува и во рамки на високото образование, бидејќи голем број студенти од Турција се присутни на универзитетите во Македонија.
Ова ќе биде втора официјална посета на Ердоган на Македонија. Тој ја посети нашата земја во 2011 година, кога ја вршеше функцијата премиер на Турција.
Tagged as:
Мицкоски ќе побара да се зголеми увозот на македонски производи во Турција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
