Background

Мицкоски имал уште еден успешен ден во Давос

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Имавме уште еден успешен ден во Давос, одржавме многу билатерални средби со мултинационални компании, кои што навистина многу значат во делот на бизнисот во светот, изјави вечерва македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Денешната панел дискусија, на која учестувал Мицскоски, била фокусирана на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз идните трендови во стопанството.

– Имавме повторно успешен панел, повторно разговоаравме за двете теми кои се и клучни теми на овогодинешниот Самит во Давос, а тоа се вештачката интелигенција и сето она кое што ја придвижува таа интелигенција. Се разбира, дата-центрите, дата на податоци и она кое што ги движи дата-центрите, тоа е електричната енергија.

Разговаравме со луѓето кои што нешто значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои што се водечки во делот на стопанисување и управување со дата-центри, но и за предизвиците што значи и за колку треба да биде зголемено производството на електричната енергија во годините кои што следат. Од наша страна, се разбира, повторно зборував за проекти кои што за нас се значајни, проекти кои што опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети на интерконекторите кои што пренесуваат електрична енергија и гас и сето она што претставува предизвик за нас како Влада. Денес за првпат на панелот ги презентирав за нас клучните проекти, а тоа се Бошков Мост и Чебрен и Галиште. Убеден сум дека истите привлекоа големо внимание кај голем број инвеститори – рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски рече дека имал ден исполнет со билатерални средби со политичари и потенцијални инвеститори.

– Денот го започнавме со билатерална средба со Борјана Кришто, којашто е претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина, а потоа го продолживме со многу билатерални средби со мултинационални компании коишто навистина значат многу во делот на бизнисот во светот – изјави Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation