Топ Вести - Слушај сега
Актуелната состојба со војната на Блискиот Исток и проблемите што ги имаат странските инвеститори во земјава поврзани со недостигот на работната сила, царинските стапки, минималната плата како и адаптирањето и олеснувањето на работните дозволи за странци за доаѓање на менаџери од странство во земјава се дел од темите за кои разговарале денеска странските инвеститори организирани во Советот за странски инвестиори и премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо рече дека премиерот го запознале со анкетата спроведена меѓу странските инвеститори кои ќе бидат подоцна и јавно објавени.
Тој обелодени дека анкетата покажува дека 55% од инвеститорите рекле дека се подготвени да реинвестираат во земјава.
Во анкетаа учествувале 47 компании со 40.000 вработени.
Мицкоски по средбата изјави дека за владата странските инвеститори се исклучително важни се разбира исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада и сите оние атрибути кои се составен дел во таа борба за што подобра економија.
-Чувствуваме дека полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици, ценам дека македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, се разбира предизвиците нема да сопрат, тие ќе продолжат но ние се обидуваме да ги антиципираме и преку антиципирање да наоѓаме решенија за тие предизвици. Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен толку станува државата посилна затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, а се разбира со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати и т.н.- вели Мицкоски.
Мицкоски рече дека владата ќе ги анализира критиките и аргументите на странските инвеститори
-Задоволен сум од фактот што е двоцифрен растот на процент на оние компании коишто се задоволни од бизнис климата и дека се подготвени да ја прошират својата инвестиција во земјата, се разбира дека ќе имаме предизвици, но ние како Влада тука сме, мотивирани сме и сакаме да ги решаваме тие предизвици како што тоа го правиме многу пати во минатото така и во иднина ќе се бориме за секоја инвестиција, за секое евро вложено во земјата затоа што цениме дека со секое евро вложено во земјата, со секој денар вложен во земјата ние ќе имаме побогата и постабилна земја, а тоа значи дека имотот на нашите граѓани и бизнисите на бизнисмените повеќе ќе вредат – реле Мицкоски.
Следниот квартален состанок на премиерот со странските инвеститори во земјава ќе биде се одржи во средината на јуни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
