Повратот на ДДВ кон стопанството редовен и нема поголеми отстапувања од она што било практика во минатото, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги жалбите на бизнисмени дека чекаат поврат на ДДВ подолго од 3 месеци.
Мицкоски, како што рече, не е информиран дека стопанството чека повеќе од 3 месеци да добие поврат на ДДВ.
Тој ги повика бизнисмените кои не добиле поврат на ДДВ да го побараат лично за да види за што станува збор.
– Имам редовни состаноци со стопанските комори и апсолутно не сум слушнал ваква информација. Сите што мислат дека им се должи слободно нека ми се обратат, сите го имаат мојот контакт телефон да видиме дали е тоа така – рече Мицкоски.