Мислам дека знам зошто тенискиот ас Новак Ѓоковиќ го отпушти тренерот Енди Мареј, вели некогашната најдобра тенисерка во светот Жастин Анен. Таа го дели мислењето на многумина фанови дека Мареј му беше потребен на Ѓоковиќ првенствено за Вимблдон, а ретко кој помисли дека тие ќе се разделат пред да заврши сезоната, односно пред да започне Ролан Гарос.
– Мислевме дека можеби Мареј и Ѓоковиќ ќе одат заедно на Вимблдон. Тоа е она што го кажаа по Отвореното првенство на Австралија: „Ќе разговараме за тоа и дали сè уште сакаме да работиме заедно. Но, дали навистина очекуваа нешто? И двајцата? Едно е сигурно, Ѓоковиќ знаеше дека Енди Мареј може да му биде од помош, но исто така дека треба да донесе нешто ново, малку енергија, велејќи си себеси „со Енди Мареј морам да ја најдам таа мотивација, да му ја понудам мојата мотивација“. Веројатно размислува за тоа, за таа мотивација, и затоа сега ја донесе оваа одлука – нагласи Белгијката за ТНТ Спортс додавајќи дека не е изненадена од одлуката на Ѓоковиќ туку од времето кога е донесена.
Новак Ѓоковиќ одлучи да ја прекине соработката со тренерот Енди Мареј по само неколку месеци заедничка работа.
„Сè уште не ја слушнавме точната причина, но може да се претпостави дека проблемот првенствено бил во формата на Ноле, или поточно дека на Мареј му било тешко да се вклопи во распоредот на најдобриот тенисер на сите времиња, па затоа прескокнал многу турнири“, пишува српски Мондо.