Background

Мисајловски: Сè поголем е интересот кај младите за професионални војници во Армијата, а 296-те од сегашната генерација се најмногу досега

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сè поголем е интересот кај младите за професионални војници во Армијата, а 296-те од сегашната генерација се најмногу досега, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета во касарната во Велес, каде што присуствуваше на свечената заклетва на професионалните војници.

- Advertisement -
Ad image

Мисајловски најави дека годинава ќе бидат примени уште 300 професионални војници.

– Oбуката, новата опрема, модернизацијата, сето тоа влијае младите луѓе да ја почитуваат Армијата, се разбира и Министерството, кои се најпочитувани институции во државата. Тоа е поради луѓето што се внатре, што поминале многу години, луѓето што се зад мене, кои поминале многу курсеви, што поминале многу во својата кариера и овие млади луѓе имаат од кого многу да научат – потенцира министерот Мисајловски.

Ги охрабри младите да се пријават на новиот конкурс за професионални војници, што ќе биде објавен годинава.

На новинарско прашање дали од буџетот се издвојуваат доволно средства за професионалните војници, министерот Мисајловски појасни дека секоја година како Министерство го зголемуваат буџетот.

– Знаете и, впрочем, тоа е обврска во НАТО да се зголемува буџетот. Но ние веќе минатата година ги пресметавме овие нови 300 вработувања во буџетот. Така што, средства ќе има, не само како сума на пари, се разбира, туку и сè она што е потребно од опрема итн. И со тек на годините треба да расте буџетот, но кога ќе расте буџетот, се разбира, треба да гледаме и повеќе кадар да влезе во Министерството, нови војници, нова опрема, нова модернизација. Тоа ние ќе го правиме во текот на годините и да ги подобруваме сите услови не само на професионалните војници туку и на сите вработени што ги има и во Министерството и во Армијата – појасни Мисајловски.

Тој најави дека со началникот на Генералштабот и другите авторитети на Армијата веќе направиле иницијатива, како што рече, историски чекор за сите професионални војници, да го решат прашањето за нивното пензионирање, односно како да останат во Министерството по нивната 45. година. Најави дека набргу ќе излезат со информација за таа иницијатива.

– Вчера, Синдикатот се обиде да каже дека е нивна идеја. Не, тоа доаѓа од Армијата, од раководството од авторитети заедно со луѓето, но ќе седнеме со синдикатот да направиме одлично решение каде што ќе направиме историски чекор како да помогнеме секој да се чувствува убаво и после 45 години, потенцира Мисајловски.

На новинарско прашање дали ќе се зголемат платите на професионалните војници, министеро Владо Мисајловски потсети дека кога дошол како министер, не се исплаќало ништо по колективен договор, иако веќе бил потпишан.

– Иако имале право, да земаат и морале да земаат додатоци по се’ она што следува, земале само плата. Сега со сите додатоци што се исплаќаат платата е скоро двојно. Некој може да ги земе по сите основи, некој помалку, но историски најголеми примања во независноста на државата. Тоа вчера го објавивме, го доставивме до медиумите и може да направите споредба со која било институција – изјави министерот Мисајловски.

Оцени дека во овој момент платите се највисоки, наведувајќи дека од минатата година 30 проценти им се зголемени платите на сите вработени во министерството.

– Но, некои политички партии би рекол некои поединци од одреден синдикатот сакаат тоа да го искористат за политички поени.Тоа е многу симптоматично како во еден ден тоа се случи, прес, поддршка, итн. Но една добра реченица имаше од тој прес, дека треба дијалог. Ние сме тука за дијалог, но кога имаме дијалог,тие тоа не бараат, туку нешто друго бараат – потенцира Мисајловски.

На новинарско прашање за повторно воведување задолжителен вен рок во земјава, тој појасни дека лично го охрабрува овиј потег бидејќи мисли дека младите треба да поминат такво нешто. Тој истакна дека притоа треба да се земат во предвид многу параметри.

– Прво финансите, второ капацитетите што треба да се доизградат дообноват. Низ годините наназад се дадоа многу касарни на општините, тие се пренаменија во различни објекти итн. Но, точно е, многу земји тоа го прават во овој период гледаат да направат обуки, многу поразлично од минатото: со два месеци, три месеци, 75 дена, различно. Добро е за размислување како тема, но овој момент не е тоа како проект што сега би го направиле. Но во иднина ако оцени Армијата и воените авторитети дека тоа е чекор, јас сум тука тоа да го направам – рече Мисајловски.

Прашан за инвестициите во 2026 година во велешката касарна односно Командата за обука и доктрини и центрите кои се во најзина надлежност, министерот Мисајловски најави нови инвестиции не само во оваа туку и во останатите касарни и единици на Армијата во земјава.

– Јас не гледам само како една касарна или да речеме само Командата за доктрини или командата за операции или која било друга касарна. Оваа година ќе биде тешка година, бидејќи оваа година ќе ги исплатиме многу пренесени обврски од минатите години. Веќе минатата исплативме многу, но оваа година ќе исплатиме се’. Зборувам за преземени обврски од договорите, но оваа година ќе започнеме и со многу нови проекти. Планираме да влеземе во процес за огромни проекти за наредните 10 години тоа ќе биде новина што сите ќе ја чуете, а исто така и нови капацитети во Криволак, нови капацитети инфраструктурни тука во велешката касарна да се изградат –  појасни министерот Мисајловски.

Воедно информира дека во постапка е набавка на нова униформа, за сите да имаат нова балистичка опрема.

-Исто така разгледуваме и правиме напори да направиме нови, огромни договори, држави со држави, веќе неколку поминавме, а на последните состаноци тоа ќе бидат со Америка, но и со други држави. Историски најмногу ќе се троши во овој период и во следните години, за тоа ќе бидете сведоци. За тоа како ќе излегуваат сите постапки, ние ќе ви ги пренесеме, најави министерот за одбрана – Владо Мисајловски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation