Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека трупите на НАТО се на прагот на Белорусија и дека Западот прави сѐ што може за да ја вовлече земјата во конфликт.
– Ескалацијата околу нас само расте. Војниците на НАТО се на прагот од нашиот дом и прават сѐ за да ја вовлечат Белорусија во конфликтот – рече Лукашенко по церемонијата на инаугурација во Палатата на независноста во Минск.
Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари, а според податоците на Централната изборна комисија.
За време на неодамнешната посета на Лукашенко на Москва, белорускиот лидер изјави дека ако неговата земја треба да избере, официјален Минск секогаш ќе биде на страната на Русија.
– Ако мора да избереме, секогаш ќе бидеме на страната на нашата Русија. Не може да биде поинаку. Белорусија никогаш нема да ја остави Русија сама – рече Лукашенко во обраќањето пред Советот на Федерацијата, на пленарна седница на Горниот дом на рускиот Парламент.
Инаку, Лукашенко денеска ја презема функцијата по седми мандат како претседател на Белорусија. Со церемонијата на инаугурација започнува и новиот петгодишен мандат на белорускиот лидер.
Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари.
Tagged as:
Минск секогаш ќе биде на страната на Русија посочи Лукашенко
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
