Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании.

Средствата се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.

Во Буџетот за 2025 година за поддршка на домашната економија и домашните компании се проектирани вкупно 250 милиони евра. Досега се префрлени кон домашните компании пет транши во вкупен износ 171,1 милиони евра. Средствата за поддршка на домашната економија беа обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се пласираат средства по поволни услови за реализација на инвестиции во приватниот сектор. Досега искористеноста на оваа кредитна линија од страна на домашните компании е 68%.

Share This Article