Министерот за правда Игор Филков утринава изрази сочувство за загинатата Фросина Ќулакова и порача дека неговата мисија е да ги смени работите од корен во системот.
„Упатувам сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Ќулакова.
Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре“, вели министерот во соопштение до јавноста.