Министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција соопшти дека бројот на лица, кои се во критична состојба по пожарот во Кочани, е намален на 3, но дека нивната здравствена состојба и понатаму е сериозна.
– Цело време се критични. Едниот пациент, којшто беше критичен, сега е многу подобро и веќе бројката на критични пациенти се намалува на 3. Но, тоа не значи дека така ќе продолжи. Кај некои пациенти за жал има флуктуација во нивната здравствена состојба – посочи министерот за здравство.
Министерот додаде дека од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, моментално во болничко лекување се уште 100 пациенти. Од нив, 20 се хоспитализирани во Македонија, додека, пак, 80 се лекуваат во странски болници. Во текот на денешниот ден, двајца пациенти ќе бидат вратени на домашно лекување од Полска и од Белгија.
– Најава имаме за враќање на повеќе пациенти до крајот на неделата. Ги очекуваме полесните пациенти да се вратат, тие што се рехабилитирани комплетно – додаде Таравари.
Tagged as:
Арбен Таравари е намален на 3 кои се во критична состојба по пожарот во Кочани Министерот за здравство Министерот Таравари соопшти дека бројот на лица кои се во критична состојба по пожарот во Кочани на прес-конференција соопшти дека бројот на лица но дека нивната здравствена состојба и понатаму е сериозна
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
