Министерот Перински е фокусиран на долгорочен регионален развој

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за јавна администрација и регионален развој на Унгарија, Тибор Наврачич, денеска оствари официјална посета на Будимпешта.

Целта на билатералната средба е продлабочување на соработката меѓу двете земји и воспоставување цврсти темели за пренос на искуства и знаења во областите на регионален развој и локалната самоуправа, вклучувајќи ја и размената на практики од користењето на фондовите на Европската Унија.

На средбата се разговараше за тековната состојба во ресорните области кои ги водат двете министерства, за постигнатиот напредок во изминатата година, како и за реформските процеси што се спроведуваат со цел унапредување на ефикасноста и одговорноста во работењето.

– Изминатава година суштински ја анализиравме ситуацијата на терен и потребата на општините за долгорочен развој. Започнавме со најголема поддршка за општините досега која ја обезбеди Владата во партнерство со Унгарија за финансирање на капитални инфраструктурни проекти во сите општини – истакна министерот Перински и додаде дека преку добро планирани политики, поддршка за локалната економија и насочени инвестиции во инфраструктурата, може да се изгради поодржлив систем.

Министерот Перински ја потенцираше важноста од пренос на знаење и успешни практики од Унгарија, особено во делот на ефективната поддршка за општините, реформирањето на институционалната структура на Министерството за локална самоуправа и дигитализацијата на локалните услуги.

Во фокусот на разговорите беа и можностите што ги нуди програмата на ЕУ – URBACT, која овозможува соработка и размена на иновативни идеи помеѓу европските градовите.

– Соработката со држави како Унгарија, која има богато искуство со европските фондови, може да даде значаен придонес во креирањето на нашите стратешки насоки за одржлив и рамномерен развој – нагласи Перински.

Во рамки на посетата, како дел од официјалната агенда, е остварена и протоколарна посета на унгарскиот Парламент.

Share This Article