Минималната плата во Србија ќе се зголеми за 9,4 проценти од октомври и ќе надмине 500 евра, беше договорено на седница на Социјално-економскиот совет (СЕС) на Србија.
Претседателката на СЕС и министерка за труд, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, изјави дека одлуката за вонредното зголемување е донесена едногласно и дека тоа е резултат на социјалниот дијалог во Србија.
Да потсетиме дека во јуни, министерот за финансии Синиша Мали најави вонредно зголемување на минималната плата, односно дека од 1 октомври минималната плата ќе изнесува 500 евра, а од јануари следната година ќе следи ново зголемување на 550 евра.