Топ Вести - Слушај сега
Измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓаат во завршна фаза, рече министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостување на Сител телевизија.
Министерот истакна дека процесот се водел транспарентно и инклузивно, со активно вклучување и на опозициските политички партии.
– На лидерската средба ова прашање беше отворено како една од главните теми. Иако постоеја различни ставови, ние постапката ја водевме максимално транспарентно, со можност и опозицијата да учествува во креирањето на законското решение – рече Минчев.
Тој појасни дека нацрт-верзијата на законот била доставена до сите координатори на пратеничките групи во Собранието, со рок за доставување забелешки и сугестии, од кои дел биле прифатени.
– Прифатени се забелешките на опозицијата, односно барањата на СДСМ, дополнителните министри да бидат распределени во ресорите кои тие ги предлагаа – нагласи министерот.
Како компромисно решение, прифатено е техничката влада да важи уште за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или вонредни, а потоа целосно да се укине.
Министерот потенцираше дека предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа.
– Овој закон се носи со 61 пратеник и без Бадентерово мнозинство. Сметаме дека 100-те дена техничка влада сериозно го кочат интензитетот на реформите. Пржинската влада беше воведена во 2016 година за обезбедување фер и демократски избори, а по повеќе изборни циклуси со позитивни оценки, сметаме дека го исполни својот мандат и треба да остане во минатото – заклучи Минчев.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
