Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на фудбалери повикани за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Светското првенство.
Македонија ќе игра против Белгија на 6 јуни во Скопје, а три дена подоцна, на 9 јуни, ќе гостува кај Казахстан во Астана.
На списокот се најде само еден дебитант – Стефан Деспотовски, фудбалер на ОФК Београд. Тој за првпат добива повик за настап во сениорската А репрезентација.
Селекторот Милевски ќе мора да ги планира натпреварите без тројца стандарни репрезентативци. Поради повреди, од составот отпаднаа дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и играчот од средниот ред, Лирим Ќамили.
Очекувањата се големи, а селекторот најави дека ќе се оди на позитивен резултат и во двата меча од мундијалските квалификации.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
