„Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас…вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ“.
Вака порача хрватскиот претседател хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во својата посета на Македонија. На заедничката прес-конференцијата со македонската претседателка Гордан Сиљановска Давкова во Вила Водно тој нагласи дека не е тука за, како што рече, да дели совети, но нагласи дека државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ.
Сиљановска Давкова изјави дека „Копенхагенските критериуми се тие кои ќе нè направат, стандардна европска, досадна држава, а ветото не е пријателски инструмент, очекувам разбирање и дека се разбира ние во меѓувреме мора да ја тераме државната агенда, економски, културно да се развиваме“.
Оценувајќи ги како традиционално пријателски односите со Хрватска, за кои кажа дека во сите сфери одат напред, претседателката истакна дека никогаш нема да биде заборавено дека во 2020 година за време на хрватското претседателство во ЕУ направивме чекор кон Унијата заедно со Албанија.
Претседателката оцени дека граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ.