Метеоролозите за утре нѐ информираат дека во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 5°C, а максимумот од 9 до 15°C.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 11 степени.
В среда нѐ очекува сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени до 4 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 9 степени до 16 степени.
Метеоролозите за во четврток најавуваат дека ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 степени до 17 степени.



























