Background

Метеоролозите најавуваат магла, облачност и сончеви периоди

Метеоролозите за утре нѐ информираат дека ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 во Берово до 3 во Гевгелија, а максималните дневни од 10 во Берово и 15 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од -2 до 11 степени.

- Advertisement -
Ad image

В петок нѐ очекува сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -4 степени до 2 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 8 степени до 15 степени.

Метеоролозите за во понеделник најавуваат дека ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -4 степени до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 9 степени до 15 степени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation