Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила поради неисправни ќелии на батериите. Сопствениците ќе мора да бидат трпеливи бидејќи софтверското решение сè уште не е достапно.
Мерцедес повлекува 7.358 возила од електричниот теренец EQB во САД. Причината е можен краток спој во ќелиите на батеријата, што може да доведе до пожар. Засегнатите модели се произведени помеѓу декември 2021 година и јануари 2023 година, пишува списанието Fenix.
Опасност од краток спој
Според американската безбедносна агенција NHTSA, може да дојде до краток спој во ќелиите на батеријата. Ако тоа се случи додека возите, на контролната табла ќе се појави предупредување.
Решението е софтверско ажурирање за управување со батеријата, но сè уште не е достапно. Дотогаш, Mercedes препорачува батеријата да не се полни над 80 проценти. Повлекувањето ќе започне на 1 април 2025 година.
Според соопштението за печатот на NHTSA, повлекувањето во САД ги опфаќа следните модели:
EQB 250 – 2.636 возила
EQB 300 4Matic – 3.311 возила
EQB 350 4Matic – 1.415 возила
По истрага на магазинот „Auto Motor und Sport“, Мерцедес потврди дека возилата во Европа исто така може да бидат засегнати, но не прецизираа точни бројки.
– Сопствениците ќе бидат навремено известени, соопштија од Мерцедес.