Шокантното гласање во Бундестагот го остави Фридрих Мерц без мнозинство за канцелар во првиот круг. Ова значи дека тој не ги добил гласовите на сите претставници на идната владејачка коалиција.
Фридрих Мерц не беше избран за канцелар на Германија во првиот круг од гласањето во Бундестагот, објавува ДВ.
Шокантниот исход од гласањето беше само 310 гласови „за“ (од 630), иако демохристијаните и социјалдемократите на Мерц имаат вкупно 328 места и сите пратеници беа присутни.
Гласањето сега веројатно ќе се повтори, нема друг кандидат освен Мерк.
Иако во понеделник беше потпишан договор за коалиција, се чини дека некои пратеници се воздржаа или не гласаа, испраќајќи политички сигнал.
Во овој момент нема индикации дека седницата ќе биде прекината, но пратеничките групи се во консултација.
При потпишувањето на коалицискиот договор, Мерц и лидерот на СПД, Ларс Клингбеил, изјавија дека сметаат на јасно мнозинство. Немаше никакви индикации за таков „бунт“ однапред.
Исто така, ова е прв пат во историјата кандидат за канцелар да се соочи со таков пораз.
Според законот, постои рок од 14 дена за втор круг гласање, во кој на кандидатот му е потребно апсолутно мнозинство.
Доколку имаше трет круг на гласање, тогаш релативно мнозинство би било доволно, но тешко е да се замисли дека Мерк би се вклучил во тоа.