Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека следната недела има за цел да одржи разговори меѓу европските и американските функционери околу војната во Украина, предупредувајќи дека конфликтот може да продолжи „уште многу месеци“.
– Силно се залагам ние, односно Европејците заедно со американската влада, внимателно да ги разговараме следните чекори – рече Мерц на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон по француско-германските разговори во Тулон.
Целта мора да биде и рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, „доколку е потребно со други учесници во разговорите“, рече Мерц.
– Сепак, немам илузии. Можно е оваа војна да трае уште многу месеци. Во секој случај, треба да бидеме подготвени за тоа. Ние сме подготвени за тоа – во тесна координација со нашите европски партнери, со Американците, а исто така и со Коалицијата на подготвените – рече тој.
Одржувањето на сојузот од околу 30 земји заедно е итна задача, рече тој.
Мерц, исто така, посочи дека во САД се разговара за дополнителни царини против земјите што ја поддржуваат Русија.
– Јас би бил многу за тоа доколку американската влада може да се одлучи за такво нешто … Нема да ја оставиме Украина на цедило – рече германскиот канцелар.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на прес-конференција со Мерц истакна дека лидерите на околу 30 земји од т.н. „коалиција на подготвените“, кои ѝ ветија на Украина безбедносна поддршка кога ќе се постигне мировен договор со Русија, ќе се состанат следната недела за да разговараат за предлозите што ги изнесоа нивните армии.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
