Background

Менаџментот на Пошта тврди дека зад протестот стои политички мотив

„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога е обезбедена плата за сите вработени.

– Крајно тенденциозно и несериозно е организирањето штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во „Македонска пошта“ во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се изманипулирани, со што се нарушува нормалното функционирање на претпријатието – велат од „Македонска пошта“.

Оттаму додаваат дека Синдикатот е навремено информиран, дека проблемот е решен и дека за сите вработени има обезбедено плата.

- Advertisement -
Ad image

– Но, со разочарување мораме да констатираме дека вработените се злоупотребени од одредени политички структури кои тенденциозно се обидуваат да го нарушат работењето на „Македонска пошта“ – информираат од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека се во постојана комуникација и координација со Владата и со „заедничка соработка, во континуитет ги надминуваат сите проблеми што настануваат во тековното работење“.

– Залагајќи се за разрешување на сите настанати состојби, упатуваме апел до сите синдикални организации да се вклучат во решавањето на сите предизвици со кои се соочува претпријатието, без провокации и без манипулации. Уште еднаш потенцираме дека „Македонска пошта“ работи со полн капацитет, а во наредниот период ќе работиме на подигнување на ефикасноста на „Македонска пошта“ и услугите кон сите комитенти – потенцираат од „Македонска пошта“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation