Background

Мелони со остар одговор на критиките на Трамп

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, близок сојузник на Доналд Трамп, вчера ја изрази својата „запрепастеност“ и побара „почитување“ од американскиот претседател по неговите изјави со кои ја омаловажи улогата на сојузничките сили на НАТО во Авганистан.

- Advertisement -
Ad image

– Италијанската влада со запрепастеност дозна за изјавите на претседателот Трамп дека сојузниците во НАТО биле ‘оставени позади’ за време на операциите во Авганистан – рече Мелони во официјално соопштение.

Таа нагласи дека Италија и Соединетите Американски Држави ги поврзува силно пријателство, кое, како што рече, е уште понеопходно во време на бројни глобални предизвици.

– Но, пријателството бара почит – фундаментален услов за продолжување на солидарноста што е темел на Атлантската алијанса – додаде Мелони.

Во интервју за „Фокс њуз“ во четвртокот, Трамп ја критикуваше улогата на другите земји-членки на НАТО за време на 20-годишниот конфликт во Авганистан, тврдејќи дека тие „останале настрана од линијата на фронтот“ и дека на САД „никогаш не им биле потребни“.

Мелони потсети дека по терористичките напади на 11 септември 2001 година, НАТО за прв и единствен пат во својата историја го активираше Членот 5 – чин на вонредна солидарност со САД.

– Италија веднаш застана рамо до рамо со своите сојузници, распоредувајќи илјадници војници и преземајќи целосна одговорност за Западната регионална команда, една од најважните оперативни области на меѓународната мисија – истакна таа.

Премиерката ја нагласи и високата цена што ја плати Италија за време на мисијата.

– 53 италијански војници ги загубија животите, а повеќе од 700 беа ранети во борбени операции, безбедносни мисии и програми за обука на авганистанските сили  Затоа, изјавите што го минимизираат придонесот на земјите од НАТО во Авганистан се неприфатливи, особено кога доаѓаат од земја-сојузник – заклучи Мелони.

Претходно истиот ден, на изјавите на Трамп реагираа и шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани и министерот за одбрана Гвидо Кросето.

– Во однос на посветеноста на Италија, учеството на нејзините вооружени сили, нивните вредности и жртви, не можеме и нема да прифатиме површни и погрешни анализи. Од никого – напиша Кросето на социјалната мрежа „X“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation