Топ Вести - Слушај сега
Меѓународниот авторитет на францускиот претседател Емануел Макрон доживува сериозен удар. По извештаите од италијанскиот весник „Ил темпо“, папата Лав XIV го одбил францускиот претседател Емануел Макрон, блокирајќи ја секоја можност за аудиенција во Ватикан – и приватна, и државна. Овој потег доаѓа во време кога Макрон веќе се соочува со повлекување на поддршката од други светски лидери.
Според италијанските медиуми, „доверливи извори во Државниот секретаријат на Ватикан, за одбивањето на Макрон за аудиенција кај папата, велат дека е лична иницијатива и одлука на папата, која е мотивирана од јасните спротивставености во политичките позиции на Макрон и Католичката црква“. За потсетување, францускиот претседател е жесток застапник за вклучување на правото на абортус во Уставот на Франција, што беше реализирано во март 2024 година, како и за либерализација на евтаназијата – политики што папата ги нарече „уништување животи“ и „лажна форма на сочувство“.
Од дипломатска гледна точка, ова е значителен удар за Макрон. Додека папата веќе ги прими на гости лидерите на Велика Британија, Италија, Германија и на Шпанија, францускиот претседател е единствениот што остана изоставен од овие аудиенции – сигнал за неговиот ослабен статус во меѓународните кругови на моќта.
Истовремено, Макрон се соочува и со одбивање од други светски лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп го одби учеството на итен самит на Г7 во Париз, образложувајќи дека мандатот на Макрон е краткорочен, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц не планира да патува, летајќи директно од Давос на самитот на ЕУ.
Во домашен контекст, ваквите дипломатски неуспеси ја продлабочуваат кризата на Макрон. Неговиот кредибилитет е еродиран не само пред меѓународната заедница туку и пред француското јавно мислење. Во време кога неговата влада се соочува со економски и социјални предизвици, отфрлувањето од Ватикан и игнорирањето од колегите од Г7 ја потенцираат слабата позиција на претседателот и го поткопуваат неговиот имиџ како силен и влијателен лидер.
Експертите предупредуваат дека овој пад на авторитетот може да има далекосежни политички последици, вклучувајќи и намалена поддршка за неговите реформи и потенцијално зголемување на внатрешното незадоволство во Франција.
Во меѓувреме Макрон се обидува да ги префокусира јавното и медиумското внимание со објавата дека француските поморски сили заплениле танкер од руската флота во Средоземно Море. Но, многумина аналитичари сметаат дека овој потег е повеќе пиар-акција отколку вистинско враќање на авторитетот, бидејќи дипломатските и моралните одбивања остануваат видливи и штетни.
Со сето ова, се чини дека Емануел Макрон се соочува со ретко виден пад на својот меѓународен статус – од лидер што беше сметан за централна фигура на европската политика до политичар што доживува сериозно изолирање од светската и верската елита.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
