Background

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) објави дека во 2025 година во светот се убиени вкупно 128 новинари и медиумски работници, од кои десет се жени

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) објави дека во 2025 година во светот се убиени вкупно 128 новинари и медиумски работници, од кои десет се жени.

- Advertisement -
Ad image

Ажурираниот список на медиумски работници убиени во 2025 година документира 17 дополнителни смртни случаи од 10 декември, по објавувањето на претходниот извештај. Листата објавена на 31 декември вклучува случаи во Појасот Газа, Танзанија, Перу и во Гватемала, како и несреќа во која загинаа седум медиумски работници во Нигерија, еден таков случај во Бурунди и еден во Иран.

На Блискиот Исток и во арапскиот свет убиени се 74 убиени новинари, од кои 56 во Палестинската самоуправа, што е 58 проценти од сите случаи на убиени медиумски работници во светот во 2025 година, според ИФЈ.

Регионот трета година по ред е најсмртоносен за новинарите и за медиумските работници.

На второ место е Јемен со 13 загинати, а следува Украина со осум загинати новинари и медиумски работници.

Шест новинари се убиени во Судан, четири во Индија и во Перу, а неколку други земји, вклучувајќи ги Филипините, Мексико, Перу и Пакистан, изгубија по три новинари.

Во вкупниот број на загинати новинари, има и девет несреќни смртни случаи.

ИФЈ ги осуди „уште една смртоносна година за новинарите“ и „постојаниот неуспех на властите да ги заштитат медиумските работници“. Федерацијата апелира на „итна и решителна акција за прекинување на циклусот на насилство“ и нагласи дека сè уште преовладува неказнивоста за овие злосторства.

– Светот не може повеќе да чека, време е за конвенција на Обединетите нации, која ќе ја гарантира безбедноста и независноста на новинарите насекаде – изјави генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Белангер.

Во 2024 година, ИФЈ регистрираше 122 смртни случаи на новинари и медиумски работници, меѓу кои 14 жени, а 516 новинари беа во затвори. Додека во 2025 година 533 новинари и медиумски работници се затворени, од кои најголемиот број во Кина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation