Топ Вести - Слушај сега
Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.
Цената на барел на лондонскиот пазар утрово падна за 0,4% на 87,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се зголеми за 0,3% на 83,75 долари.
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предложи досега најголем пласман на нафта од резервите со цел да се намалат цените.
Предлогот вчера бил разгледуван на итен состанок на енергетските претставници. Според информациите предлогот би ги надминал 182-та милиони барели што земјите членки ги пуштија на пазарот во две транши во 2022 година, по руската инвазија врз Украина, што би било најголемо поединечно ослободување резерви досега.
Предлогот би можел да биде одложен доколку се спротивстави само една земја.
Се очекува денеска земјите да одлучуваат за предлогот.
Според организацијата што ги координира ослободувањата на стратешките резерви, земјите (32) што се членки на МАЕ заеднички поседуваат најмалку 1,2 милијарда барели нафта во јавни итни резерви.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
