Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) неодамна оформи случај и започна истрага против сите лица кои ги спречија инспекторите од Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) да го приведат претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик во просториите на Владата на РС во Источно Сараево на 23 април, објави сараевскиот портал „Рапорт“.
Според Извештајот, статус на осомничени имаат началникот на обезбедувањето на претседателот на РС, Мишо Партало, и началникот на Полициската управа Источно Сараево, Бранимир Шеховац.
Дваесет идентификувани припадници на Министерството за внатрешни работи на РС кои биле присутни во Источно Сараево во времето кога инспекторите на СИПА им пристапиле, исто така, ќе добијат покана.
На 23 април, тројца инспектори на СИПА, постапувајќи по наредба на Обвинителството и Судот на БиХ, се обидоа да го приведат Додик, кого државното обвинителство го сомничи за „напад на уставниот поредок“, но во тоа беа спречени од членовите на обезбедувањето на Додик и Министерството за внатрешни работи на РС, кои се заканија дека ќе употребат сила.