Background

Меџити најави одговорност за истечените хемикалии

Инспекторатот за животна средина веќе е ангажиран на терен поради хемиската хаварија што се случи во скопската населба Пинтија, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Според него, надлежните служби се веќе активирани, а институциите подготвуваат санкции против одговорните.

Хемикалиите се излеале вчера од резервоар на приватна компанија за производство на стиропор, лоцирана во Кисела Вода. Според досегашните информации, хемикалиите се користеле во рамки на производствениот процес, а хаваријата предизвикала потенцијална закана по здравјето и животната средина.

На новинарско прашање за тоа што точно е преземено против компанијата, Меџити упати кон раководителот на Инспекторатот, кој функционира како дел од Министерството за животна средина.

- Advertisement -
Ad image

Од Град Скопје соопштија дека по добиената пријава, на местото на настанот веднаш биле испратени екипи на Противпожарната бригада (ТППЕ Скопје), кои го изолирале инцидентот. Инспекциските служби подготвиле и записник, во кој се нотирани деталите за хаваријата и условите на теренот.

Градските власти потсетуваат дека за ваков тип на прекршок е предвидена парична казна од 45.000 евра за сторителот, како и затворање на производствениот погон и налог за санирање на штетите.

„Со извршен технички преглед на опремата под притисок, инспекторите констатирале дека вентилот на резервоарот покажувал знаци на протекување. Компанијата ‘Екопор’ не презела мерки за да спречи хаварија, и покрај очигледните индикации за дефект“, стои во писменото соопштение од Град Скопје.

Од таму апелираат до Општина Кисела Вода – под чија надлежност се наоѓа објектот – како и до Министерството за животна средина, да постапат во рамки на своите надлежности и да го санкционираат правното лице.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation