Мажот што ја вознемири Аријана Гранде во Сингапур исфрлен и од концерт на Лејди Гага во Австралија

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мажот кој ја нападна и вознемири Аријана Гранде на премиерата на филмот „Wicked“ во Сингапур, Џонсон Вен, беше исфрлен и од концерт на Лејди Гага во Австралија.

Вен, кој на Инстаграм е познат како „Пижама мен“ (Pyjama Man), беше изнесен од стадионот уште пред почетокот на концертот.

Помалку од еден месец откако скокна преку оградата и истрча кон Гранде на жолтиот тепих во Сингапур, Вен повторно се најде во центарот на вниманието.

 

–  Ме исфрлија од концертот на Лејди Гага! Шоуто не почнува до 20 часот! Порано стасаните фанови ме исвиркуваа.

Од редакцијата на PEOPLE побарале изјава од претставниците на Лејди Гага и од стадионот „Санкорп“, но засега без одговор.

Вен доспеа во центарот на светските медиуми на 13 ноември, кога на интернет се појавија снимки од моментот кога ја прескокнува оградата и трча кон Аријана Гранде (32) за време на премиерата на „Wicked“ во Сингапур.

На видеата се гледа и нејзината колешка од филмот, Синтија Ериво, која застанува меѓу него и пејачката за да ја заштити.

По инцидентот, Вен објави видео на Инстаграм со порака: @arianagrande @wickedmovie Драга Аријана Гранде, ти благодарам што ми дозволи да скокнам на жолтиот тепих со тебе.

По настанот, тој помина девет дена во затвор откако на 17 ноември се изјасни за виновен по обвинение за нарушување на јавниот ред.

Потоа беше депортиран назад во Австралија и доби забрана за влез во Сингапур, според информациите на BBC News, CBS News и ABC News, повикувајќи се на Управата за имиграција и гранични контроли и локални медиуми.

Во емисијата „Today“ на 20 ноември, Синтија Ериво (38) откри што чувствувала во моментот кога го видела како истрчува кон Гранде.

– Навистина мислев само на тоа да се уверам дека мојата пријателка е безбедна. Сигурна сум дека не мислеше ништо лошо, но никогаш не се знае во вакви ситуации и сакав да се уверам дека таа е во ред. Тоа ми беше првиот инстинкт – објасни таа.

Вен веќе е познат по ваквите упади на настани. Претходно успеал да се качи и на сцена за време на настапи на Кејти Пери, The Weeknd и The Chainsmokers.

Аријана Гранде досега јавно не се огласи за овој конкретен инцидент, но во минатото отворено зборуваше за посттрауматскиот стрес со кој се соочува по бомбашкиот напад на нејзиниот концерт во Манчестер во 2017 година, во кој загинаа 22 лица.

– Да, тоа е вистинска работа. Ги познавам тие семејства и моите фанови, и сите што беа таму поминаа низ огромна траума – изјави таа за британски Vogue во 2018 година.

– Тешко е да се зборува за тоа затоа што толку многу луѓе претрпеа страшна, огромна загуба… Понекогаш имам чувство дека не треба ни да зборувам за моето искуство. Не мислам дека некогаш ќе научам да зборувам за тоа без да заплачам.

Share This Article