Полицијата во Нови Сад заплени 10 литри амфетаминско масло и повеќе од три килограми екстази и го уапси Д. А. (49) од Лозница, соопшти денес полициската управа во тој град.
Полицијата го запрела автомобилот на осомничениот во Нови Сад и пронашла канистер со амфетаминско масло и три и пол килограми екстази скриени во куфер зад возачкото седиште.
На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, по што ќе биде изведен пред вишиот јавен обвинител во Нови Сад, со кривична пријава.