„Mayday“ со новиот сингл „Пари“ тропа на вратите на рок-сцената

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската рок-сцена доби свеж и енергичен звук – младата група „Mayday“ денеска ја претстави својата нова песна „Пари“ – нумера што има сè што е потребно за да стане вистински радио-хит: моќен вокал, заразен риф и текст што зборува во име на младината која не сака да биде купена.

Во времиња кога многу бендови се плашат да бидат директни, дечките од „Mayday“ врескаат од срце и ја говорат вистината.

Песната „Пари“ не е само музичка песна – тоа е манифест на генерација која се гуши во материјализам, но уште верува во звукот на вистинските инструменти и чиста емоција.

Зад микрофонот стои харизматичниот Макс Маринковиќ, кој со својот вокал ја води приказната низ електричен облак на гитари и ритми. Слободан Неделковски ја држи ритам-гитарската основа, додека Добре Бошков на соло-гитара внесува оган и динамика. Бас линиите на Димитар Кратовалиев се длабоки и пулсирачки, а Дарко Неделковски на тапани е вистински мотор на целата композиција.

Песната е авторско дело на групата, со текст на Зоран Рудан Цеки. Аранжманот го потпишува искусниот Дарко Тасев, додека за звукот што се пробива низ звучниците се погрижи Кристијан Габровски-Бомбата Kristijan, задолжен за микс и мастер.

Уживајте:

 

Share This Article