МАТУРСКА ПАРАДА 2025

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

И покрај дождот и лошите временски услови,  разиграно и весело охридските матуранти ја одржаа традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“, матурантите како и секоја година го одиграа танцот Квадрил.

Истовремено со нив танцуваа и нивните врсници од Скопје, Струга,Струмица, Гевгелија и Куманово како и од градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

На почетокот на настанот матурантите ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков кој посака пред се да се изградат во добри и одговорни луѓе на кои останува овој Свет.

 

Maturanti05212025002– Денешниов е ден на радоста, младоста и убавината. Светот во мало доаѓа кај нас. Танцот  на нашите деца кои на музика од Штраус го играат познатиот Квадрил  е всушност симболичен крај на детството и безгрижните  денови  од една  и почеток на младоста која нуди многу интересни можности од друга страна.

Вие сте  оската на една топка. На која страна ќе  се свртите , дали на светлата  или  мрачна зависи  само од вас самите и од никој друг. Всушност на тој начин се одредува колку  домашното воспитување,  култура и знаење кои  несебично  ви ги дарувале  родителите и  професорите  допреле до вас.

Сонувајте со отворени очи, мечтаете по убави нешта и никогаш не скршнувајте од вистинскиот пат. Бидете добри луѓе со добра мисла и  желба да направите добри дела за себе и за луѓето околу вас. Само така ќе бидете задоволни од себе и ќе градите здраво Општество со здрави навики.

Вашите години, вашата младост дозволува се. Стив Џобс не случајно рекол   „Луѓето што се доволно  луди за да мислатдека можат да го променат светот, се оние што го менуваат“. Бидете и вие дел од нив, менувајте ги нештата но на подобро Моментот кога ќе сфатите дека можете да го промените вашиот живот, дека можете да го обликувате, тоа е најважната работа. Да се ослободите од погрешните идеи дека животот е некаде таму и дека тогаш ќе живеете – наспроти прифаќање, промена, однесување… пронајдете го вашето значење во сето тоа“.

А секако Светот ќе го менувате само ако сте добро потковани со знаење. Знаењето  е моќ, ви ја исправа главата високо горе и ви овозможува цврсто да газите на земја. Затоа драги мои,  учете и во иднина не застанувајте тука. Животот ќе ви одржи многу лекции, како ќе ги прифатите предизвиците што ви ги нуди  и како ќе се  справите со нив зависи од вашата  интелектуалната способност и психичка стабилност. Затоа се што ќе правите нека е  со љубов. Верувајте, не е битно што ќе бидете во иднина, работник на машина, домаќинка, доктор, професор или судија. Важно е она што ќе го работите да биде сработено  со внимание, од срце. Само така задоволството и успехот се неизбежни.

„Ништо не ми значи да бидам најбогат мртовец на гробишта.Но кога навечер ќе легнам во кревет знаејќи дека сум направил нешто фантастично , тоа е она што ми е важно“

Прочитајте приказни за успешните луѓе и ќе сфатите дека освен материјално, имаат и нешто друго: идеи, талент, вештини, креативност.

Денес  Имате неограничен број можности, можете да се поврзете со кој било вид социјална мрежа. Може да ја објавите сопствената работа, да ја промовирате сопствената музика, да создавате свои производи и на тој начин да овозможите финансии за себе. Притоа секако не станувајте роботи и робови на сосијалните мрежи користете ги паметно во ваша полза, а не штета.
Можете да направите сè што сакате, не мора да чекате некој друг да ги открие вашите таленти. Единствено што ве задржува е вашата волја да се обидете.
Пред вас од денес се отвораат нови  животни врати, бидете внимателни и одговорни  низ која ќе влезете, од тоа зависи вашата иднина.  Одговорно и посветено  учeте и работете но не заборавајте да  уживате во најубавите години што се пред вас. Години на вашата младост која не застанува,  минува за час.  Другарувајте, шетајте, уживајте во  заносот на првата  сериозна љубов.  Нашето – вашето време се  ограничени затоа не го трошете да живеете туѓи животи. Живејте го својот како добри луѓе, со добра мисла. Правете добри дела и создавајте добра иднина за вас и вашите поколенија.

Многу брзо ќе дојде време кога вие ќе застанете од оваа страна, можеби, некој од Вас ќе биде градоначалник, Претседател на државава,  дипломат во странство. Но пред се бидете луѓе, добри луѓе кои му се потребни на овој Свет.

Танцувајте и радувајте се на животот што е пред вас, деца наши. Среќно- подвлече градоначалникот Пецаков.

Матурската парада за прв пат се одржа во Љублјана – Словенија во 2001 година.

 

Share This Article