Background

Маските ги изгореја, но лицата останаа исти,ќе чекаме до Тодорица, кога се врзуваат нозете на кокошките за да не побегнат

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Вевчани, Скопје – Вчера со традиционалното палење на маските заврши Вевчанскиот карневал, единствената манифестација во Македонија каде маските се палат наместо да се менуваат.

- Advertisement -
Ad image

Додека чадот од изгорените маски се испомеша со оној од скопските ќумбиња, во главниот град се одигруваше друга стара традиција – оваа што народот ја нарече „втење на паето”, а поранешниот премиер Никола Груевски поетски ја препакува како „комплексни реформски процеси со широка општествена инклузија”.

Василичарско прашање без одговор

На Василица, во Клубот на пратениците, се кршеше политичка погача. Паричките паднаа – тоа е сигурно. Но како во добра крими-драма, никој не сака да признае кај кого се најде златникот.

„Не можеме да коментираме која политичка партија ја откри паричката додека процесот на дистрибуција на среќата не заврши,” изјави еден извор близок до погачата кој посака да остане анонимен, „односно маскиран”.

Постојат неверификувани информации дека паричката падна кај некој од коалиционите партнери, но токму тој дел од погачата таинствено исчезна пред да стигне до медиумите.

Од Божиќ до Василица: Случајност или драматуршка генијалност?

Лидерската средба, најавена за Божиќ од страна на еден христијански професор (кој, како и секој добар професор, совршено го познава времето на настапите), се одложи за Василица.

Дали е случајно што средбата се закажа токму во денот кога традицијата налага кршење погача и откривање на тоа кој ќе биде среќен? Или пак лидерите смислија дека е најдобро да се сретнат токму кога народот трага по парички во тесто?

„Симболиката е невообичаена”, анализира политичкиот аналитичар „но во Македонија симболиката одамна ја замени суштината, па не треба да се чудиме.”

Новиот маскенбал: Coming soon

Додека Вевчани ги пали маските, Скопје ги подготвува новите. Извори од кулоарите шепотат дека наредната лидерска средба веќе се планира – можеби за Тодорица, кога се врзуваат нозете на кокошките за да не побегнат. Или можеби за Прочка, кога се претпоставува дека ќе дојде подобар ден.

Во меѓувреме, пратениците единствено што можат да потврдат е дека погачата била вкусна, паричката некаде падна, а маските… па, маските се само привремено одложени.

„Се разбира дека паднаа маските”, заклучи еден пратеник додека излегуваше од Собранието, „но не се грижете – имаме резервни.”

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation