Топ Вести - Слушај сега
Милијардерот и сопственик на автомобилската компанијата „Тесла“ Илон Маск упати критики кон европската автомобилска индустрија која, според него, не инвестира доволно во иновации и бавно ги развива новите модели. Тој смета дека иднината на транспортот е јасно дефинирана – електрични и автономни автомобили.
Тој смета дека денешните модели на автомобили не носат технолошки напредок споредено со оние од пред неколку години.
– Не мислам дека има доволно иновации во автомобилската индустрија. Денешните автомобили се многу слични на оние од пред пет години, нема голема разлика – вели Маск.
Тој ја нагласува електрификацијата на сообраќајот како клучна насока на развој.
– Дваесет години велам дека автомобилската индустрија мора да се електрифицира. Дури и без еколошки проблеми, електричните автомобили се едноставно подобри од автомобилите со мотор со внатрешно согорување. Тие се поедноставни, поефикасни, потивки и ја намалуваат емисијата на штетни материи во градовите. Целиот копнен транспорт треба да биде електричен, сите бродови, а на крајот дури и авионите – вели Маск.
Покрај електрификацијата, Маск е убеден дека автономното возење ќе игра клучна улога во иднината на мобилноста. Според него, производителите мора значително повеќе да инвестираат во развој на системи што им овозможуваат на возилата да возат независно.
– Возењето автомобил што не е електричен и не е автономен, за 10 години ќе биде како јавање коњ или повикување со телефон на преклопување. Сè уште има луѓе што јаваат коњи и сигурно сè уште има луѓе со телефони на преклопување, но тоа е реткост – вели Маск.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
