Милијардерот Илон Маск, кој го предводи американското Министерство за владина ефикасност (ДОГЕ), објави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) само минатата недела потрошила милиони долари на хотели за илегални имигранти.
Според „Фокс њуз“, истрагата за ФЕМА била покрената поради извештаите во вестите кои неодамна предизвикаа загриженост дека агенцијата нема средства за да им помогне на жртвите од ураганот Хелена,.
„Тимот на ДОГЕ штотуку откри дека ФЕМА минатата недела испратила 59 милиони долари во луксузни хотели во Њујорк за сместување илегални имигранти“, објави Маск на социјалната мрежа Икс.
Асошиејтед Прес напиша дека Камерон Хамилтон, вршителка на должноста администратор на ФЕМА, повторно ги објави коментарите на Маск и рече дека исплатите се суспендирани од неделата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
