Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека е лошо управувана и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднинa.
Изјавата на Трамп доаѓа по најавите во неделата на милијардерот Илон Маск, шеф на Одделот за владина ефикасност на САД, дека УСАИД е криминална организација која „мора да умре“. Маск утринава изјави дека УСАИД ќе биде затворена, а Трамп се согласил со него за ова.
Трамп неодамна потпиша извршна наредба за замрзнување на странската помош на три месеци и им наложи на официјалните лица да спроведат ревизија на сите програми за да се уверат дека се во согласност со неговата визија за надворешната политика на САД.
Трамп во неделата го пофали Маск за суспензијата на двајца врвни безбедносни функционери на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат одделот да пристапи до системите на агенцијата, објави американскиот порталот Хил.
Неодамна во медиумите се појави информација дека Трамп размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот.
Демократите го критикуваа Трамп за откривањето на плановите за спојување на УСАИД со Стејт департментот, истакнувајќи дека агенцијата е „независна институција по статут“.
УСАИД испраќа помош до заедниците погодени од конфликти и им помага на земјите во развој во многу аспекти.