Косово, Македонија и БиХ се тажни приказни на Балканот за членството во ЕУ, рече од Прага комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос за Радио Слободна Европа.
Кос кажа дека Црна Гора и Албанија во моментов се најблиску до членство на ЕУ, додека на Балканот постојат три тажни приказни, меѓу кои и Македонија.
– Косово е тажна приказна затоа што не може да тргне понатаму. Втора тажна приказна е Македонија. Знаете, кога со Украина би чекале онолку колку што со Македонија чека на почеток на преговорите, Украина тогаш би почнала со преговори 2045 година. И тука е Босна и Херцеговина – изјави Кос.
Таа кажа дека Словенија откако станала членка, значително се променила на подобро.
– Бев во Словенија, и тој регион во некои аспекти е многу подобрен од пред 20 години, односно пред Словенија да стане членка на ЕУ – изјави Кос.
За Србија рече дека деновиве ќе се сретне со новиот премиер и ќе има разговори околу интегративниот пат.
Кос изјави дека со новиот претседател се сменила геополитичката мапа на светот.
– Кога бев кандидатка за комесарка и сега се променија многу работи. Проширувањето сега е поинакво отколку пред пет години. Многу се промени во последните месеци, со изборите во САД се промени геополитичката состојба. И денеска на прошиурувањето се враќаме на основите поради која ЕУ е основана, а тоа е поради сигурност и мир. Не смееме да потрфлиме во процесот на проширување – изјави Кос.