Поради обилните дождови надојдената Маркова река вчера предизвика поголеми оштетувања на пругата помеѓу Скопје и Велес, на делница Лисиче -Драчево, поради што втор ден по 30 до 40 минути доцнат возовите од Скопје кон Велес.
Како што информираат денеска за МИА од Железничката станица во Велес, екипи на Македонски Железници од денеска работат на санирање на оштетениот насип на пругата од околу стотина метри на делницата Лисиче-Драчево, а според првичните најави, што ги добиле од МЖ, работите ќе траат недела-две во зависност од временските услови. Воедно денеска од Железничката станица од Велес за Скопје, а и обратно од Скопје, сообраќаат сите возови.
Инаку и покрај големото оштетување на насипот на пругата од околу стотина метри, од МЖ вчера, како што соопштија, одлучија да не го сопрат сообраќајот на оваа релација, туку најавија дека ќе продолжи, но со зголемено времетраење на патувањето на оваа релација.
Воедно од МЖ појаснија дека возовите на оваа релација, додека трае санацијата ќе ја користат пругата преку Трубарево, а и оти е можно некој воз да биде времено сопрен.
Tagged as:
Маркова река ја оштети пругата поради обилните дождови
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
