Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа како „електричен шок“ што треба да ја натера Европа да ја обезбеди својата иднина, како и иднината на Украина.
Тој предупреди да не се воспостави мир кој би претставувал „капитулација“ на Украина и се прашуваше дали рускиот претседател Владимир Путин е „искрено“ подготвен за „траен“ прекин на огнот.
„Мирот што е капитулација е лоша вест за сите“, рече Макрон во интервјуто за Фајненшл тајмс објавено денеска, по најавите на Доналд Трамп за директни преговори со Путин.
Единственото прашање што се поставува во оваа фаза е, како што рече Макрон, дали Путин е подготвен за прекин на огнот „на искрен, траен, одржлив начин“.
Макрон нагласи и дека само Украина може да преговара со Русија.
Францускиот претседател инсистираше на потребата Европејците да бидат на преговарачка маса кога се разгледуваат безбедносните планови за Европа.
„На меѓународната заедница, со специфична улога на Европејците, останува да разговара за безбедносните гаранции и безбедносните правила за целиот регион. „Ние треба да играме улога овде“, рече Макрон.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
