Background

Макрон призна дека е автентична снимката која предизвика скандал

Францускиот претседател Емануел Макрон коментираше за снимката на која неговата сопруга Брижит го турка по лицето додека се симнуваат од авион во Виетнам.

– Има видео каде што се шегувам и ја задевам сопругата и некако тоа станува некаков вид геопланетарна катастрофа, а луѓето дури и смислуваат теории за да го објаснат тоа – рече Макрон за видеото кое е нашироко коментирано на социјалните мрежи.

Макрон призна дека снимката е автентична, но го критикуваше начинот на кој е толкувана. Зборувајќи со новинарите во Ханој, тој ги отфрли шпекулациите за тоа што ја предизвикало реакцијата на Брижит.

- Advertisement -
Ad image

Инцидентот се случил додека претседателскиот пар се подготвувал да се симне по скалите на авионот на аеродромот во Ханој. Видеото покажува како Макрон, изненаден од гестот на неговата сопруга, застанува за момент, но набрзо продолжува да мавта кон толпата и се симнува со насмевка.

Елисејската палата првично објави дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.

Еден од блиските соработници на Макрон изјави дека станува збор за „обичен брачен флерт“ и дека тоа бил момент на „релаксација пред почетокот на сериозно државно патување“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation