Background

Макрон посочи дека мировниците ќе бидат во Украина – за секој случај

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, синоќа изјави дека предложените европски воени сили, кои на крајот ќе бидат распоредени во Украина, врз основа на потенцијалниот мировен договор, би можеле „да одговорат на рускиот напад“ доколку Москва го започне.

Макрон ова го изјави по разговорот со украинскиот колега, Володимир Зеленски, пред самитот во Париз на кој претставници на 30 нации ќе разговараат за предложените сили за Украина, кои францускиот претседател предлага да бидат распоредени „во важни градови“ и на други места.

– Доколку повторно дојде до општа агресија врз територијата на Украина, овие борбени сили, всушност, ќе бидат нападнати и потоа ќе следи нашата вообичаена рамка на ангажман. Нашите војници, кога се вклучени и распоредени, се таму да реагираат и да одговорат на одлуките на врховниот командант и, доколку се во конфликтна ситуација, да одговорат на тоа – рече Макрон.

- Advertisement -
Ad image

Макрон, во тандем со премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, инсистира на создавање коалиција на земји кои се подготвени, на еден или на друг начин, да го поддржат распоредувањето на воена сила во Украина, со цел да се обезбеди траен мир со одвраќање на Русија од идејата повторно да ја нападне таа земја.

Макрон не прецизираше каков одговор замислил во случај на руски напад.

Тој рече дека предложените европски трупи нема да бидат стационирани на линиите на фронтот во Украина „ниту ќе бидат вклучени првиот ден во соочувањето со руските сили“, туку „тие ќе бидат војници кои ќе ја одвратат Русија од повторен напад“.

– Со одржувањето на стратешките градови, стратешките бази, тоа ќе укаже на јасна поддршка од неколку европски земји и сојузници – додаде тој.

Затоа, како што рече, „не сме на првите борбени линии, не одиме во битка, туку сме таму за да гарантираме траен мир“.

– Тоа е пацифистички пристап. Единствените кои би иницирале конфликт, воена ситуација, во тој момент би биле Русите – доколку решат повторно да започнат со агресија – рече францускиот претседател.

Макрон денеска во Елисејската палата очекува 31 државна делегација, што е повеќе одошто имаше за првпат по истиот повод во Париз, пред еден месец. Ова, како што тврдат официјални лица од претседателската палата, е доказ дека создавањето коалиција за помош на Украина – со можност за испраќање војници во таа земја – добива на интензитет.

Меѓутоа, САД, предводени од претседателот Доналд Трамп, не покажаа јавен ентузијазам за разговорите за создавање коалиција која потенцијално би испратила војници во Украина за да ја одврати Русија од нов напад, доколку се постигне договор за прекин на огнот.

Специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Стивен Виткоф, ја отфрли идејата за распоредување европски трупи, па дури и потребата воопшто да се направи такво нешто.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation