Макрон по разговорите со Вучиќ: Ја повторив желбата Србија да продолжи со напредокот на нејзиниот европски пат Францускиот претседател Емануел Макрон на мрежата Х напиша дека телефонски разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, на кого, како што рече, „ја повторил желбата Србија да продолжи со напредокот на својот европски пат“.
„Разговаравме за билатерални прашања и направивме резиме по неговите неодамнешни контакти во Брисел. Му ја повторив мојата желба Србија да продолжи да напредува на својот европски пат“, напиша Макрон на мрежата Х.
Претходно, претседателот на Србија на својот Инстаграм профил објави дека телефонски разговарал со Макрон за билатерални прашања, подобрување на соработката и европскиот пат на Србија и дека се договориле да имаат средба во април.
Погледнете ја оваа објава на Инстаграм Објава споделена од Александар Вучиќ (@buducnostsrbijeav) На 25 март, Вучиќ имаше работна вечера во Брисел со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.