Background

Македонците потрошиле 456 милиони евра на онлајн купување

Во првата половина од годинава вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 456 милиони евра, што преставува пораст од 34,3% во однос на истиот период минатата година.

Ова го покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија (АЕТМ)

Кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 255,1 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички, односно остварен е пораст од 21,4%. При тоа од македонски иматели на платежни картички кон домашните е-трговци направена е вредност од  231 милиони евра, што преставува пораст од 19,7%, додека од странци направена е вредност од  24 милиони евра со пораст од 40,8% во однос на истиот период минатата година.

- Advertisement -
Ad image

Од друга страна, Македонците во странство направиле онлајн трансакции во вредност од 201 милиони евра односно 55.,1% пораст во однос на истиот период минатата година.

– Трендот на растот на трансакциите кон странските е-трговци најмногу се поврзува со појавата на Тему, кој за кратко време привлече голем број на купувачи со широка понуда, ниски цени и бесплатна достава дури и за најмали нарачки – вели претседателката на АЕТМ Нина Ангеловска Станков.

Вкупната вредност на онлајн трансакции е остварена со направени 13,8 милиони трансакции што преставува пораст од 33,8%. Најголем пораст на бројот на онлајн трансакции има кон странските е-трговци остварени од домашни платежни картички, односно направени се 6,1 милиони трансакции, или за 75% повеќе во однос на минатата година.

Просечната трансакција на вкупните онлајн трансакции изнесува 33,2 евра, скоро исто како и минатата година. Поголем раст на бројот на онлајн трансакциите во однос на вредноста на онлајн трансакциите е забележан кај купувањата од домашните иматели на платежни картички кон странски е-трговци, што доведува до пад на просечната трансакција од 11,3 %, со што оваа вредност е дури помала од просечната трансакција на домашните онлајн купувачи кон домашните е-трговци.

Во текот на првите 6 месеци од 2025 година, регистрирани се 120 новоотворени онлајн продажни места, што претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation