Македонските ѕвезди се простуваат од Петар Исиров Пјотр

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На социјалните мрежи осамна веста за заминувањето на уште еден македонски рок музичар и пејач, Петар Исиров Пјотр. Сите го познаваа под прекарот Перо Кокер, зашто славниот Џо Кокер беше неговиот идол, а неговата музика беше постојано дел од неговите настапи.

Пјотр настапуваше повеќе од три децении по ноќните клубови и кафулињата со различни музичари, а имаше издадено и неколку авторски песни.

Минатата година (2024) во рамките на одбележувањето на 5 години од постоењето на „Котон блуз фестивал“ во скопскиот клуб „Маракана“, Пјотр и деветчлениот бенд на бината составен од искусни музичари, ја славеше музиката на Џо Кокер. Оние кои биле велеа дека лесно можел да помине како концерт на вистинскиот Кокер.

Утринава (08.08.2025), по веста за неговата смрт, познатите македонски музичари и пејачи се простуваат на социјалните мрежи со својот колега, другар и пријател Пјотр.

– Пјотр Исиров – бунтовник , хипик , рокер , „Кокер“ , Џокер , ноќна птица, и ловец и плен – во блузот на градот заглавен, тлее и живее за секоја секунда да пее, за сите другар – за себе си без никаков ќар …. Почивај во мир друже , светол ти патот кон небото..
Сочувство до Нина и Павел!“ – сподели Петар Ренџов на својот профил на Фејсбук.

Од него се простија и македонските пејачки Елена Петреска и Биба Додева, Вера Јанковиќ и многу други, сите со своите мисли и спомени за Пјотр.

– Беше голема чест и привилегија да те имам за другар, пријател, колега… Колку свирки, дружби во последните 30-ина години.Секогаш позитивен и насмеан. Нека ти е лесна земја скопска, легендо. Почивај во мир Перо Кокер… Срце ми се кине – споделил музичарот, пејач и магионичар Георги Гавровски познат како Гого Реквием, инаку близок пријател на Петар Исиров.

Share This Article