Background

Македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство

Македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, соопшти нејзиниот кабинет.

Таа ова го најави за време на посетата на малата галерија „Откритие“ во Скопје, која под водство на невладина организација се посветува на зачувување, документирање и промовирање на богатото минерално наследство на Македонија.

При посетата на галеријата, Божиновска истакна дека е време не само ентузијасти, поединци и невладини организации да го промовираат овој уникатен камен, туку и државните институции активно да се вклучат.

- Advertisement -
Ad image

Министерството, како што соопшт нејзиниот кабинет, веќе работи на координирање на сите релевантни институции, заедно со Геолошкиот завод на Македонија, со цел македонскиот рубин да добие официјален статус на заштитено национално минерално наследство.

Фото: Министерство за енергетика

„Посетата беше збогатена со присуството на амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, како и на Грегоар Егороф, претставник на Националниот музеј за природни науки во Париз. Егороф на галеријата ѝ донесе ретки примероци на камења и минерали од Франција, меѓу кои и каменот со кој се изградени катедралата Нотр Дам и Елисејската палата. Како автор на книга за минералите на Европа, најави дека размислува во следното издание да го вклучи и македонскиот рубин“, се вели во соопштението од Министерството за енергетика.

Директорот на Геолошкиот завод Ивица Андов даде стручна поддршка за иницијативата и  ја нагласи научната вредност на рубинот.

„Посебен впечаток остави долгодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко, кој детално ја раскажа историјата на секој примерок. Тој ја претстави изработката на уметнички клуч во кој се вградени македонски рубин, амазонит и сите други минерали од нашето тло. На прашањето на амбасадорот Ле Риголер што симболично отвора овој клуч, одговорот беше: Срцето на македонскиот народ, а ако сакаме – и тајните на нашата преубава земја“, се наведува во соопштението.

Фото: Министерство за енергетика

 

Македонскиот рубин, познат и како корунд со карактеристична црвена боја, е геолошки уникатен: се наоѓа единствено во околината на Прилеп и во планините околу Мариово и е единствен рубин во Европа кој природно се вади и се обработува. Освен естетската и колекционерска вредност, тој е дел од културното и историското наследство на Македонија.

Министерката Божиновска порача дека ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и за меѓународна промоција на македонското минерално богатство – како дел од националниот идентитет и нашата гордост.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation