Македонскиот народен театар информира дека на 77-годишна возраст почина актерката Соња Каранџуловска

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со голема болка и жалење, Македонскиот народен театар информира дека на 77-годишна возраст почина актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025), истакната членка на македонската театарска, телевизиска и филмска сцена, позната по нејзината извонредна посветеност, длабочина во играта и љубовта кон сцената која ја негуваше повеќе од четири децении.

„Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025)“, се вели во соопштението од МНТ, каде Каранџуловска работеше од 1974 до 2014 година, а на нејзината сцена настапуваше уште пред официјалното вработување.

Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, како дел од првата генерација актери, во класата на проф. Илија Милчин. Веднаш по дипломирањето започна богата театарска кариера, која остави длабоки траги во македонската култура.

Првата нејзина улога на сцената на МНТ е Авдотја во „Децата на сонцето“ во 1973 година, по што следеа бројни запомнети улоги: Ангелина во „Потоп“, Лиза Дроздова во „Бесови“, Валерија во „Лов на диви пајки“, Нора во „Габи“, Анка во „Госпоѓа министерка“, Клара во „Големиот брилјантен валцер“, Болничарката во „Мара/Сад“, како и нејзината последна улога во „Троил и Кресида“ во 2010 година.

Една од највпечатливите претстави во нејзината кариера беше монодрамата „Клитемнестра“, премиерно изведена на 9 октомври 2002 година, во продукција на МНТ. Со оваа претстава настапуваше на значајни фестивали во Битола, Земун и Бар. „Клитемнестра е резултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше“, стои понатаму во соопштението на МНТ.

Покрај на сцената, Каранџуловска имаше богата кариера и пред камерите. Игаше во телевизиски и филмски продукции како „Време води“, „Новогодишен карусел“, „Марија лета со авион“, „Година на мајмунот“, како и во бројни ТВ серии – најпрепознатлива по улогите во „Македонски народни приказни“, „На наш начин“, „Обични луѓе“ и „Преспав“.

Соња Каранџуловска ќе остане запаметена како актерка со моќна енергија, сценска дисциплина и неподмитлива љубов кон театарот. Нејзината посветеност беше инспирација за генерации актери и љубители на сценската уметност.

Македонскиот народен театар изрази сочувство: „Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна и слава!“

Погребот ќе биде соопштен дополнително.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article