Background

Македонскиот музичар доби награда за посебен придонес за хрватската музика

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Македонскиот гитарист и композитор Влатко Стефановски е добитник на хрватската престижна награда „Порин“ за посебен придонес во хрватската музика, која ќе му биде доделена на 27 март, на 33-тото доделување на „Порин“ во салата „Грипе“ во Сплит.
Во образложението на организаторите на најзначајната музичка манифестација во Хрватска, се наведува дека Стефановски е уметник чие творештво ги надминува националните граници, а неговиот музички јазик, авторитет и креативна доследност оставиле длабока трага преку бројни соработки, меѓу кои значајно место зазема токму Хрватска.

- Advertisement -
Ad image

– Во текот на својата повеќедецениска кариера, Стефановски изгради препознатлив и автентичен израз во кој органски се спојуваат етно-џез, инструментален рок, џез-фјужн и блуз, силно обоени со традиционалните македонски ритми. Токму овој уникатен спој го вбројува меѓу симболите на македонската музичка култура и меѓу најценетите гитаристи на меѓународната сцена – велат организаторите.

Неговиот музички пат започнува во далечната 1965 година, кога како осумгодишно дете добил акустична гитара на подарок. Иако во почетокот не покажувал особен интерес, во гимназиските денови почнува да свири, да создава музика и да формира бенд, со цел да заработи за подобра гитара и засилувач. По завршувањето на гимназијата, групата „Леб и сол“ веќе се оформува како сериозен состав, кој подоцна ќе стане еден од највлијателните бендови во историјата на регионалната музика.

 

Од 1978 до 1991 година, „Леб и сол“ објавуваат 13 албуми, меѓу кои и концертни изданија. Посебно се издвојува „Live in New York“, снимен во 1991 година во легендарниот клуб „CBGB“, како и „Live in Macedonia“, објавен по повторното обединување на групата во 2006 година, по повод 30-годишнината од нивното постоење.

По распадот на „Леб и сол“, Стефановски гради исклучително богата соло-кариера, со бројни албуми, музика за филм и театар и соработки со светски музички имиња како Џон Меклафлин, Алан Холсворт, Ману Каче, Пино Паладино, Тони Левин, Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов.
Значаен печат остави и албумот „Sarajevo“, чиј целосен приход од продажбата беше дониран за деца без родители.

Со години соработува и со врвни хрватски музичари, меѓу кои Џибони, Арсен Дедиќ, Оливер Драгојевиќ, Матија Дедиќ и Миа Димшиќ, како и со Загрепската филхармонија. Често настапува низ Хрватска и учествува на бројни проекти наградени со Порин, како изведувач и инструменталист.

Особено симболично е што ова признание доаѓа кратко по објавувањето на изданието „Guitar Sings“, на кое Стефановски интерпретира десет евергрини на Ѓорѓе Новковиќ, снимено со Кралскиот филхармониски оркестар во легендарното студио „Аби Роуд“ во Лондон.

Со оваа награда, Влатко Стефановски се приклучува на угледната листа добитници на Порин за посебен придонес, меѓу кои се иСтивен Ковачевич, Стинг, Роџер Вотерс, Џони Винтер, Џон Лајдон, Артуро Сандовал, Жан-Лик Понти, Рон Картер и Ли Кониц.

Организаторите истакнуваат дека придонесот на Стефановски е препознаен преку неговото трајно музичко влијание, врвните уметнички вредности и честите, со ентузијазам прифатени настапи во Хрватска, како значаен дел од неговата исклучителна кариера.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation