Македонскиот доктор Ненад Цоневски, кој пред неколку дена прегази куче во Софија, денес сам се појавил во Третата окружна полициска станица во придружба на својот адвокат

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот доктор Ненад Цоневски, кој пред неколку дена прегази куче во Софија, денес сам се појавил во Третата окружна полициска станица во придружба на својот адвокат. Веста ја потврди директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, кој изјави дека Цоневски целосно соработува со истрагата.

Станува збор за 28-годишен специјализант по торакална хирургија во Воено-медицинската академија во Софија, од каде вчера беше суспендиран поради отворањето на истражната постапка против него.

Инцидентот се случил на 9 ноември, кога докторот, излегувајќи со својот автомобил од гаража во населбата „Расадник“, го прегазил кучето по име Роксана, кое локалните жители го нарекувале Маја. Кучето претрпело тешки повреди и било еутанизирано во ветеринарна клиника.

– Мажот е обвинет според член 325 Б – за предизвикување смрт на ‘рбетно животно – изјави комесарот Николов.

На Цоневски му е одобрена кауција од 5.000 лева, а според полицијата, тој бил мирен и кооперативен при појавувањето во станицата.

Портпаролот на Окружното обвинителство, Николај Николаев, потврди дека според првичните докази, постои сомнеж за намерно сурово однесување кон животното, кое резултирало со сериозни повреди на ‘рбетот и парализа.

Случајот предизвика бурни реакции во бугарската јавност, а здружението на пациенти „Заедно со вас“ го осуди однесувањето на лекарот, барајќи посериозни санкции за насилство врз животни.

Бугарското обвинителство најави дека за вакви дела е предвидена казна од една до пет години затвор.

Share This Article