Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше денеска во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (6:4, 3:6 и 6:4).
Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути.
Ова за Ѓорческа беше петто финале во 2025 година или вкупно 40. во кариерата, а има две турнирски победи во 2025 и вкупно 15 во кариерата.
За пласманот во финалето на турнирот во Букурешт Лина Ѓорческа освои 49 поени и со 343 поени утре треба да се пробие на 207. место на ВТА ранг-листата.
Следната недела македонската тенисерка ќе настапи на турнир во Куршумлијска Бања.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
