Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре ќе игра во финалето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Таа со пресврт во полуфиналето дојде до победата и финалето на турнирот што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Ѓорческа ја совлада Дарја Астахова со 2:1 (2:6, 6:2, 6:4) за два часа и 22 минути игра.
Ова за Ѓорческа е второто финале во 2025 година. Првото го играше истотака во Куршумлијска Бања и ја совлада Марта Матула од Грција.
Во првиот сет ривалката имаше комплетна контрола над резултатот и водство од 4:1 во гемови и сетот го заврши со 6:2 за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет Ѓорческа покажа дека е решена да игра уште едно финале во Куршумлијска Бања и поведе со 4:0 во гемови за сетот да го заврши со 6:2 за 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Ѓорческа по 3:3 во седмиот гем го направи решавачкиот брејк и дојде до посакуваната предност и сетот го заврши со 6:4 во гемови.
Ова беше трета победа за македонската тенисерка во третиот меѓусебен меч со Астахова.
Утре во финалето Ѓорческа ќе игра со победничката од второто полуфинале меѓу Мирјам Булгару од Романија и Денислава Глушкова од Бугарија.